Министерот на Бахреин пристигна во прва посета на Израел по потпишувањето на договорот

Министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф ал Зајани, во средата наутро слета на израелскиот аеродром Бен Гурион во своја прва официјална посета на високо ниво, откако двете земји ги нормализираа дипломатските односи.

Фото: ЕПА

Израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази на аеродромот ги пречека официјалните претставници на Бахреин и американскиот специјален пратеник Ави Берковиц.

„Се радувам на нашиот денешен разговор и новата ера на мир, безбедност и стабилност во регионот што ќе ја одбележи оваа посета“, напиша Ашкенази на Твитер.

Во октомври, делегација на израелски и американски официјални лица ја посетија Манама, каде Бахреин и Израел формално воспоставија дипломатски односи, по церемонијата во Белата куќа. Двете земји потоа потпишаа осум договори.

Се очекува за време на посетата да се потпише меморандум кој се однесува на цивилното воздухоплоство, тврдат израелски извори.

„Со оваа посета, Кралството Бахреин направи храбар чекор (...) да се постигне безбедност, стабилност и просперитет, додека Кралството игра водечка улога во постигнувањето мир во регионот и светот“, рече ал-Зајани.

„Регионот на Блискиот исток во текот на изминатите децении сведочеше на конфликти и нестабилност и време е да се свртиме кон други политики за да изнајдеме разумно решение што ќе донесе успех и развој за сите“, рече тој.

Исто така се очекува во среда во Израел да пристигне американскиот државен секретар Мајк Помпео, па двајцата дипломати треба да присуствуваат на состанок со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Ашкенази во Ерусалим.

Според информациите на високи претставници на американскиот Стејт департмент, Помпео и Нетанјаху „ќе разговараат за различни прашања, вклучително и за спроведувањето на Договорот на Абрахам“, кој се однесува на договорите за нормализација потпишани во Белата куќа во септември.

„Обединетите Арапски Емирати и Бахреин се посветија да отворат амбасади и да разменат амбасадори и да започнат соработка во неколку области, вклучувајќи образование, здравствена грижа, трговија и безбедност“, забележа еден официјален претставник.

Повеќето арапски земји ветија дека нема да го признаат Израел сè додека не се постигне договор со Палестинците, сепак, неодамнешното нормализирање ја смени динамиката на односите во регионот.

Палестинските лидери луто реагираа на „предавството“ на оние земји што ги нормализираа своите односи со Израел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе