Министерката за правосудство на Хонг Конг: Американскиот интервенционизам не е прифатлив

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека на Хонг Конг ќе му биде одземен специјалниот статус поради кинескиот закон за национална безбедност „е неприфатлива според меѓународните стандарди“, кажа прокинеската министерка за правосудство на Хонг Конг.

EPA-EFE/LYNN BO BO

Обраќајќи им се на новинарите министерката Тереза Ченг кажа дека кинеското заобиколување на внатрешниот правен систем на Хонг Конг со воведувањето на законот за национална безбедност не ја поништува автономијата на територијата како што тврдат американските власти.

„Кажано е дека сме станале „една земја, еден систем“ и дека сме ја изгубиле својата автономија“, кажа Ченг. „Тоа е целосно неточно и погрешно... ние сме една земја... и затоа, што се однесува до националната безбедност, како и во која било друга држава во светот, таа е во доменот на централната власт“, додаде.

Кинескиот парламент во четвртокот речиси едногласно ја усвои спорната одредба за националната безбедност во Хонг Конг, донесена како реакција на кинеската страна на минатогодишните големи протести и насилство во поранешната британска колонија.

Конечниот текст на законот против „сецесија, субверзија, тероризам и странско мешање“ треба да биде донесен во јуни, а усвојувањето на законот се очекува пред септември.

Групите за човекови права и продемократските политичари кажаа дека мерките се однесуваат на немирите во градот во кој антивладините протести траеја повеќе од една година.

Трамп вчера кажа дека американскиот одговор „би ја погодил целата низа договори на САД со Хонг Конг“, вклучувајќи го и специјалниот трговски статус на територијата, долгогодишната економска поддршка на светскиот финансиски центар.

Хонгконгшко-американската стопанска комора (Амчан) соопшти дека изјавата на Трамп претставува „тажен ден“ за Американците во Хонг Конг.

„Тоа е емоционален момент за Американците во Хонг Конг и на компаниите и семејствата ќе им треба време да ги изџвакаат последиците“, кажа претседателката на Амчан Тара Џозеф.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LYNN BO BO

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе