Ги критикуваше земјите кои не го осудија убиството

Министер на погребот на иранскиот научник најави одмазда: „Одговорот сигурно ќе стигне“

Министерот за одбрана на Иран Амир Хатами денес, на погребот на убиениот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризадех, предупреди дека Техеран ќе се одмазди за убиството за кое се обвинува Израел.

EPA-EFE

„Непријателот добро знае дека не може да изврши злосторство, а иранскиот народ да не одговори. Крвта на маченикот секогаш ќе се памти и непријателот направи грешка со ова убиство“, кажа генералот Хатами, откако го бакна ковчегот со посмртните остатоци на убиениот научник, пренесуваат агенциите.

Иранскиот министер најави дека убиството на научникот „нема да го сопре напредокот на нуклеарната програма на Иран, туку само ќе го забрза“, а дека одговорот ќе стигне, како и дека убиството ќе влијае Иранците да бидат поединствени и порешителни.

Со тоа патот на научникот, како што кажа Хатами, ќе продолжи „побрзо и посилно“, пренесува Асошиејтед прес.

Тој ги критикуваше земјите кои не го осудија убиството на Фахризадех во бомбашкиот напад во петокот кај Техеран.

Погребот беше затворен за јавноста за да се почитуваат прописите за заштита на здравјето од пандемијата на коронавирусот, а присуствуваа шефот на Револуционерната гарда Хосеин Салами и на единиците Кудс генералот Есмаил Гани, како и шефот на цивилната нуклеарна програма Али Акбар Сахеи и министерот за разузнавачки работи Мамуд Алави.

Фајризадех беше погребен во отворен дел на иранското министерство за одбрана во главниот град Техеран.

Иран го обвини Израел за нападот врз научникот, а официјален Тел Авив одби да го коментира убиството.

ОН и Европската Унија го критикуваа, оценувајќи дека убиството поттикнува тензии во регионот, но без да го спомнат Израел.

Иранската Прес телевизија на англиски јазик јави денес, повикувајќи се на неименуван извор, дека оружјето користено во убиството на научникот е произведено во Израел и дека има ознаки и спецификации на израелската воена индустрија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе