Минатата недела во Европа се пријавени еден милион нови случаи на коронавирусот

Европа минатата недела забележа еден милион новозаразени со коронавирусот, што е за девет проценти повеќе од претходната недела, според Светската здравствена организација (СЗО), која прецизира дека бројот на заразените повторно почнал да расте по шестнеделен пад.

Фото: ЕПА

Меѓу тешко погодените места е предградието Милано, населбата Болате, каде што вирусот брзо се прошири во јаслите и соседното основно училиште. За само неколку дена се заразиле 45 деца и 14 вработени.

Анализите покажаа дека станува збор за исклучително заразната варијанта на вирусот што првпат се појави во Англија на крајот на минатата година. Остриот пораст на инфекциите доведе до воведување нови ограничувања низ целиот континент.

Регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге вели дека новите соеви на коронавирусот, кои се шират многу побрзо, се една од причините за ненадејниот скок на бројот на заразените лица, но и олеснувањето на мерките и отворањето во некои земји „на начин што не е безбеден и контролиран“.

Британската варијанта значително се прошири во 27 европски држави и преовладува во најмалку десет земји - Велика Британија, Данска, Италија, Ирска, Германија, Франција, Холандија, Шпанија, Португалија, но и Израел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе