Минатата недела во Бугарија најлоша од почетокот на пандемијата

Минатата недела во Бугарија е забележан најголем број заболени од коронавирусот од почетокот на пандемијата, соопштија денес властите.

EPA-EFE

Бројот на новозаразените од 18 до 24 октомври пораснал за дури 50 отсто во однос на претходната недела, односно забележани се 24.454 нови случаи, што е најмногу до сега.

Претходниот најголем број бил забележан на крајот на март, кога биле регистрирани 25.290 случаи.

Дошло и до зголемување на смртните случаи, за дури 30,14 отсто, но тоа не е најлошата недела кога станува збор за смртните случаи – најлоша била од 30 ноември до 6 декември минатата година кога од последиците на ковид-19 починале 980 лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе