Милошевиќ пред 30 години на демонстрантите во Белград испрати тенкови (ВИДЕО)

Пред 30 години, на 9 март 1991 година почна бунтот против режимот на Слободан Милошевиќ во Белград, а власта на улиците испрати тенкови.

EPA-EFE

Државната телевизија на Србија неколку недели пред големите протести ја обвини најголемата српска опозициска партија, Српското движење за обнова на Вук Драшковиќ, дека работи против интересите на Србија и дека е блиска на усташките кругови. СПО бараше оставка од водечките луѓе на српската телевизија. Тоа не се случи, а самиот Милошевиќ одби да разговара со опозициските лидери. Драшковиќ потоа за 9 март во центарот на Белград закажа голем собир и ги повика граѓаните да излезат во што поголем број.

Главното барање на демонстрантите беше смена на тогашниот директор на РТС, како и четворица уредници. Но протестите набрзо станаа бунт против целата власт.

Уште од претпладневните часови илјадници граѓани ги исполнија централните улици на Белград. Полицијата го спречи пристапот до Трг републике. Околу пладне народот успеа да ги пробие полициските кордони и да го освои плоштадот. Од балконот на Народниот театар на присутните им се обратија Драшковиќ и други опозициски лидери. Демонстрантите скандираа „Бандо црвена“ и „Слобо, Садаме“.

Милошевиќ потоа ѝ нареди на полицијата да го потисне протестот. Полицијата користеше палки, солзавец и водени топови.

Во 19:30 часот на улиците излезе војската со тенкови, откако на барање на Милошевиќ тогашниот претседател на Претседателството на СФРЈ Борисав Јовиќ успеа да го увери мнозинството членови на Претседателството да го одобрат потегот.

Милошевиќ ѝ се обрати на јавноста на телевизија нарекувајќи ги демонстрантите „сили на хаосот и безумието“.

Центарот на Белград беше опустошен, а во судирите беа повредени 114 луѓе, 58 полицајци и 86 граѓани, а уапсени беа 158 луѓе, меѓу кои и Драшковиќ.

Загинаа матурантот Бранивој Милиновиќ (18) и полицаецот Недељко Косовиќ (54). Милиновиќ бил погоден од огнено оружје кога полицијата отвори оган кон група демонстранти, додека Косовиќ настрадал бегајќи од демонстрантите по пад од висина од пет метри.

Протестите продолжија и следните денови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе