Црна Гора

Мило Ѓукановиќ прогласи победа на изборите: Непобедливи сме

Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора.

Тој рече дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Црна Гора да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ.

Во својот победнички говор тој најави дека нема да ги изневери очекувањата на граѓаните на Црна Гора.

„Ова е можност да им се заблагодарам на луѓето што ја поддржаа мојата кандидатура. Ова е можност да кажам дека го ценам ентузијазмот и лојалноста на граѓаните што ја поддржуваат оваа политика цело време“, рече Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ им се заблагодари и на коалициските партнери, кои, рече тој, покажаа приврзаност кон ДПС, испраќајќи порака дека се непобедлива коалиција.

Наместо пораки до противкандидатите, Ѓукановиќ им се обрати на лидерите на опозицијата.

„Овој резултат е толку убедлив и надмоќен што ова е можност да го преиспитате она што се вашите истрајни политички ставови, дека не може ништо добро да се направи со негирање на достигнувањата до кои дојде Црна Гора“, рече Ѓукановиќ.

Според прелиминарните податоци на ЦЕМИ, од 100 проценти од обработените податоци, кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ има 53,8 отсто поддршка од граѓаните, а кандидатот на поголем дел од опозицијата, Младен Бојаниќ, 33,5 проценти.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе