Мило Ѓукановиќ ги повика Кинезите да ја посетат Црна Гора

Вчера по повод 15-годишнината од воспоставувањето на црногорско-кинеските односи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ потсети на одличната соработка меѓу двете земји и ги покани кинеските граѓани да ја посетат Црна Гора.

Фото: ЕПА

Тој потсети дека благодарение на заедничката соработка се реализира највредниот инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора - изградбата на првата делница од автопатот, која ќе заврши до крајот на ноември.

„Без оглед на географската оддалеченост и разликата во големината на нашите држави, среќни сме што една светска сила, која е и наш традиционален пријател, го почитува стратешкиот пат на Црна Гора во рамките на европските и евроатлантските интеграции. Работевме посветено, отворено, во заеднички интерес, почитувајќи ги меѓусебните одлуки и визии на патот на развојот, почитувајќи ги националните приоритети, како што прават пријателите“, рече Ѓукановиќ за Чајна медиа груп (ЧМГ).

Тој исто така потсети дека во неодамнешниот телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг меѓусебно бил потврден високиот квалитет на билатералните и личните односи, објави РТЦГ.

Ѓукановиќ рече дека искреноста во пријателството се докажува во вонредни времиња и потсети дека Кина, во такви околности, преку многу донации, особено во форма на 30 илјади вакцини „Синофарм“, ѝ испрати значителна помош на Црна Гора во борбата против пандемијата.

Тој исто така оцени дека е најзначајна соработката на државите во областа на економијата, во рамките на иницијативата Појас и пат и механизмот 17 + 1, во кој Црна Гора е активен учесник на највисоко ниво од нејзиното формирање.

„Благодарение на овие иницијативи, ние го спроведуваме највредниот инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора, изградбата на првата делница од автопатот, која ќе биде завршена до крајот на ноември и со многу позитивно искуство во соработка со Чајна роад и Бриџ корпорејшн (ЦРБЦ) и Ексим банка“, рече Ѓукановиќ.

Тој потсети и на други важни заеднички проекти, како што се реконструкцијата на железничката пруга Белград-Бар и ветроелектраните, донацијата за реконструкција на мостот на реката Тара, како и плановите за соработка во областа на животната средина.

„Исто така, очекувам продолжување на туристичкиот сообраќај во наредниот период и ја користам можноста да ги поканам кинеските граѓани да ја посетат Црна Гора“, рече Ѓукановиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе