Милитантите на ИСИС се предаваат, се чека објавата на конечниот пораз на џихадистите (ВИДЕО)

Дали Исламска држава е конечно поразена? Вестите што пристигнуваат од Сирија се противречни. Си-би-ес, на пример, јавува дека не е сосема јасно дали ИСИС е дефинитивно поразен во своето последно упориште, малата енклава во местото Багуз на југоистокот на Сирија, опкружена од три страни од Сириските демократски сили (СДФ), а од четвртата страна од реката Еуфрат.

Сепак, репортерот на Си-би-ес Чарли Дагата јавува дека битката која СДФ, сојузот на курдските сили и арапските бунтовници поддржани од САД (кој претходно ја ослободи и „престолнината“ на ИСИС, Рака), е практично готова. Повеќе не се вее ниту едно црно знаме на ИСИС, а и пукањето од средата е стивнато.

СДФ во вторникот го зазема логорот во кој џихадистите го организираа последниот отпор во малата енклава и ги потиснаа последните милитанти на мало парче земја на брегот на Еуфрат.

Курдскиот портал Хавар вчера јави дека СДФ „го ослободија цел Багуз од платениците на Даеш (арапското погрдно име за ИСИС)“, и дека кампањата „заврши со пораз“ на озлогласената терористичка организација, но подоцна сепак беше демантирана информацијата и СДФ јави дека борбите се сѐ уште во тек.

„Чешлањето на теренот продолжува во Багуз и не се вистинити извештаите за целосно ослободување на селата“, соопшти портпаролот на СДФ. Фокс њуз исто така јави дека Багуз е ослободен, повикувајќи се на извори од теренот. Американскиот претседател Доналд Трамп и самиот се огласи по ова прашање во средата, најавувајќи дека ИСИС ќе падне до крајот на тој ден. Притоа им покажа на новинарите две карти на Сирија, едната со областите под контрола на Исламска држава кога тој беше избран во 2016, и како тоа изгледа денес.

„Кога јас преземав, беше хаос“, кажа Трамп покажувајќи ги црвените региони под контрола на ИСИС. „Сега, на долната... нема црвена. Всушност, има една мала точка, која ќе исчезне до вечер. Така што ИСИС е црвеното тука, а долната е како тоа изгледа денес“, кажа Трамп во средата.

Сепак, официјалното соопштение за конечната победа над последните, најтврдокорни џихадисти сѐ уште се чека, а додека не биде објавена никој не може да каже дека ИСИС е поразен.

Сепак, како што јавува Фокс њуз, речиси 60 илјади терористи и нивните семејства им се предадоа на СДФ од почетокот на годината. Сега тие главно се во импровизирани кампови во пустината, додека СДФ и западната коалиција не најдат решение за нив.

Снимката која деновиве беше објавена ги прикажува размерите на масовното предавање на џихадистите. На неа се гледа непрегледна колона луѓе во пустината, во искината облека, со лица прекриени со марами, како стојат или седат еден до друг додека чекаат борците што ги заробиле да ги одведат во камповите.

Снимката ја објави сирискиот новинар Мохамед Хасан. „Најдолгата колона припадници на ИСИС од различни националности им се предаде на Сириските демократски сили“, напиша тој на Твитер.

СДФ во меѓувреме побара од САД помош за формирање специјален суд кој на овие терористи би им судел во Сирија, на територијата под контрола на овие сили.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе