Милитанти на Исламската држава му се заканија на Ердоган

Исламската држава вчера му се закани на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган преку видео објавено од нејзин огранок во Турција.

„Еј Ердоган, арогантен тиранину на Турција, немој да мислиш дека мечевите на војниците на калифатот се далеку од тебе“, вели милитант на Исламската држава на турски јазик, опкружен со двајца мажи со митралези, јави Премиум тајмс.

Милитанти со покриени лица во видеото се заколнуваат на верност на лидерот на групата Абу Бакр ал-Багдади, со знамето на Исламската држава и ракетен фрлач во позадина.

„Знај дека тоа што застана на страна на крстоносците нема да ти помогне да се бориш со војниците на калифатот“, вели милитантот, мислејќи на Ердоган.

Видеото следи по помалку од три месеци откако ал-Багдади објави слично видео под името Вилает Турција (Провинција Турција), во кое тој се закани со продолжување на операциите и терористичките напади во Турција.

Последниот голем напад на Исламската држава во Турција се случи на Нова Година 2017 година, во ноќен клуб во Истанбул, во кој загинаа 39 лица.

Низ цела Турција во јуни се спроведени полициски рации, при што се уапсени 20 лица осомничени дека се милитанти кои планирале терористички напади.

„Ќе ја продолжиме борбата додека религијата на Алах не стане најсилната во светот“, вели мажот во видеото исмевајќи ги американските акции во Сирија и Ирак.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе