Париз

Милиони за Нотр Дам - ништо за нас, велат жолтите елеци (ВИДЕО)

Полицијата за немири и демонстрантите вчера се судрија во центарот на Париз, за време на антивладините протести на жолтите елеци поради „кризата" од високите даноци и економската нееднаквост.

Помалку од една седмица по пожарот што ја уништи катедралата Нотр Дам а пожарникарите брзаа да ги изгасат повеќето мали пожари околу Републик од запалените мотори, канти, велосипеди и автомобили на патиштата и тротоарите.

На насилните демонстранти полицијата одговори со солзавец.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, во саботата рече дека Париз би можел да стане „главен град на нереди“ укажувајќи дека екстремистички демонстранти планирале да присуствуваат на уличните протести. Политичарите од партијата на Емануел Макрон Република во движење соопштија дека маскирани анархистички демонстранти од „црниот блок“ биле присутни.

Демонстрантите носеа француски знамиња, а на нивните жолти елеци беа испишани слогани против Макрон како: „Макрон, земаш од сиромашните за да им дадеш на богатите“.

Некои носеа транспаренти на кои го критикуваа „лицемерието“ на богатите милијардери кои ветија повеќе од 1 милијарда евра за обнова на катедралата Нотр Дам, велејќи дека бизнис лидерите не сториле ништо за да ги решат ниските плати и маките на луѓето кои не можат да спојат крај со крај. „Прво луѓето, 1 милијарда евра за жолтите елеци“, пишуваше на еден банер.

„Милиони за Нотр Дам, а што е со нас, сиромашните?“ пишува на друг знак на демонстратор. „Сè за Нотр Дам, ништо за Клетниците (Les Misérables)“, пишуваше на друг знак, поттикнат од романот на Виктор Хуго.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе