Милиони за безбедноста на елитата во швајцарските Алпи: снајпери и војници на сите страни во Давос (ФОТО+ВИДЕО)

Во Давос во Швајцарија се одржува јубилејниот 50-ти Светски економски форум. Чувањето на безбедност на шефовите на државите и владите и лидерите на глобалниот бизнис не е ни лесно, а ни евтино.

Претседателот на САД Доналд Трамп, претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард и германската канцеларка Ангела Меркел се само неколку од познатите имиња кои присуствуваат на самитот во швајцарските Алпи.

Војници патролираат на улиците на гратчето, чести се безбедносните проверки на персоналот, возилата и багажот на приодните патишта во таа област.

Кантонот Гришун ги објави податоците за трошоците за 2020 година и велат дека се очекува дополнителните трошоци за безбедноста на годинешниот форум да бидат околу девет милиони швајцарски франци (8,3 милиони евра).

Четврт од тие трошоци ги покрива Светскиот економски форум (околу 2,25 милиони франци), другата четвртина кантонот Гришун, општината Давос плаќа една осмина од трошоците, а сојузната влада околу третина (3,3 милони швајцарски франци).

Швајцарскиот парламент одобри распоредување до 5.000 припадници на оружените сили во периодот 2019-2021 за „должноста на цивилна поддршка“.

„Севкупно, трошоците за разместување трупи на годинешниот самит на Светскиот економски форум се приближно исти како и трошоците на истите батаљони за време на редовната обука. Претходните години распоредувањето на оружените сили чинеше околу 32 милиони швајцарски франци по форум“, додадоа.

Швајцарската влада наведе дека „терористичката закана во многу европски земји и понатаму е повишена или голема“ и дека „низата напади во Европа и нивното значително медиумско влијание исто така може да поттикнат радикализирани лица во Швајцарија да извршат терористичко насилство“.

Светскиот економски форум е начин Швајцарија да ја привлече глобалната политичка и бизнис заедница, продолжувајќи го она што швајцарската влада го нарекува нивна „долгогодишна традиција на служење како земја домаќин за меѓународни конференции и собири“.

Безбедносните трошоци може да се зголемат доколку има исклучително голем број луѓе кои се означени како „меѓународно заштитени луѓе“ или во случај на непредвидени временски неприлики. Дел од учесниците, како корпоративните шефови на пример, често користат сопствени безбедносни служби.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе