„Да ги видиме тие вонземјани“

Милион луѓе велат дека насилно ќе влезат во Областа 51. Војската им се закани

„Да навалиме на Областа 51, не можат сите да нè спречат", гласи повикот на Фејсбук, на кој досега 1,2 милиони луѓе кликнале дека ќе дојдат, а уште еден милион се заинтересирани.

Организаторите составиле краток опис за настанот планиран на 20 септември: „Ќе се сретнеме кај туристичка атракција Центар за вонземјани Област 51 и ќе го координираме нашиот влез. Ако трчаме како Наруто, можеме да се движиме побрзо од нивните куршуми. Да ги видиме тие вонземјани“.

Корисникот Џексон Барнс, најверојатниот организатор на настанот, објавил и „план на нападот“, и на крајот напишал: „ПС, Здраво владо на САД, ова е шега и не мислам навистина да го остварам овој план. Само мислев дека ова ќе биде смешно и ќе ми донесе лајкови на интернет“ додавајќи „Не сум одговорен ако луѓето всушност одлучат да навалат на Област 51“.

„Ќе ги обесхрабриме сите од обид да влезат во областа“, изјави Лорен Мекендрју портпаролка на американското воздухопловство, изразувајќи надеж дека ентузијастите на НЛО разбираат дека обид да се влезе во воена инсталација не е нешто за смеење.

„Областа 51 е отворен полигон за обука на американските воздушни сили и не би препорачале на некој да се обиде да влезе во оваа област. Воздушните сили на САД се секогаш подготвени да ја заштитат Америка и нејзиниот имот“, за Вашингтон пост рече портпаролката.

„Секој обид за влез во воени инсталации или во области за воена обука е опасен“, изјави Мекендрју за Фокс њуз.

Доколку дури и мал дел од оние љубители на НЛО се обидат да ги ослободат „вонземјаните" од тајниот објект во пустината, шегата „напад на Областа 51" ризикува да биде еден од најголемите настани на граѓанска непослушност во историјата на САД, напиша РТ.

Областа 51, со децении е предмет на теории на заговор за вонземјани или нивните тела и нивните летала, односно неидентификуваните летечки објекти (НЛО), кои според различни трагачи по вонземјани се наоѓаат во базата.

Вистинската цел на Област 51 официјално не е позната, но според документите објавени од страна на ЦИА, базата најверојатно служи за тестирање на експериментални летала и системи на оружје, како летала за извидување У-2 или ОКСКАРТ. Податоците за базата биле тајни поради Студената војна со Советскиот Сојуз, а не поради вонземјани, тврди ЦИА.

Од друга страна, според Си-ен-ен, оваа година е потврдено дека американската влада потрошила 22 милиони долари за истражување на НЛО. Покрај тоа, минатиот месец, група американски сенатори се информирани за средби на американската морнарица со НЛО. Се разбира, не постои потврда дека НЛО-то е навистина е со вонземно потекло и дека вонземните летала воопшто постојат, па и дека се чуваат во озлогласената Област 51.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе