Поднесе документи за да се кандидира

Милијардерот Мајкл Блумберг влегува во трката за претседател 2020

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг ги поднесе документите за влез во трката за Белата куќа како демократ.

Блумберг во четвртокот официјално влезе во натпреварот, според Федералната изборна комисија. Во претходните денови, милијардерот почна рекламна кампања од 100 милиони американски долари напаѓајќи го претседателот Доналд Трамп во четири „колебливи“ држави.

Блумберг влезе во арената на демократски кандидати, чиј број брзо се намали на четири фаворити: сенаторката на Масачусетс Елизабет Ворен; сенаторот од Вермонт Берни Сандерс; градоначалникот Пит Бутигиг, Саут Бенд, Индијана; и поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Иако Блумберг цела една деценија го водеше градот Њујорк како републиканец, минатата година се регистрираше како демократ и стана гласен критичар на Трамп.

Поранешниот градоначалник и медиумски магнат е далеку побогат од кој било кандидат што се кандидира за претседател. Неговото богатство Форбс го проценува на 52,3 милијарди американски долари, што далеку ја надминува нето-вредноста на Трамп од 3,1 милијарди долари и го прави деветтиот најбогат човек во светот.

Берни Сандерс, добро познат по своите полемики против нееднаквата распределеност на богатството, претходно ги критикуваше политичките аспирации на Блумберг, а во почетокот на месецов на митинг во Ајова му порача на милијардерот: „Нема да ги купиш овие избори“.

Доколку Блумберг ја освои номинацијата на својата партија, изборите следната година би биле пресметка помеѓу двајца 70 и нештогодишни милијардери од Њујорк. Прогресивците како Сандерс и Ворен во своите кампањи без сомнение ќе ги потсетат гласачите на овие сличности.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе