„Чешкиот Трамп“

Милијардерот Бабиш убедливо победи на чешките избори

Чешкиот милијардер Андреј Бабуш уверливо победи на саботните парламентарни избори на кои гласачите им кажаа „не“ на традиционалните партии, и му го дадоа мандатот на „чешкиот Трамп“ за борба против политичката корупција, иако и самиот е соочен со обвинувања за измама.

Неговото популистичко движење АНО освои 29,6 отсто од гласовите, три пати повеќе од најблискиот ривал, опозициските конзервативци Граѓански демократи кои добија 11,3 отсто.

Социјалдемократите, кои со АНО ја водеа владата од 2014 паднаа на рекордно ниски 7,3 отсто, најмалку од мирното разидување со Словачка во 1993.

Второто протестно движење, крајно десничарската Партија на слободата и директната демократија (СПД) е на трето место со единаесет отсто од гласовите. Ја води чешко-јапонскиот бизнисмен Томи Окамура, противник на емиграцијата и поборник за излегување од ЕУ.

Драматичниот пресврт на политичката сцена се случува и покрај економскиот раст, избалансираниот буџет, најниската невработеност во ЕУ и најбрзиот раст на платите во изминатите десет години.

Бабиш е соочен со тешки коалициски преговори бидејќи и поранешните партнери социјалдемократите и христијанските демократи вчера кажаа дека не можат да бидат во влада со некој кој е под полициска истрага.

Граѓанските демократи исто така исклучија коалицирање со АНО, како и две други помали партии.

Но, Бабиш не е обесхрабрен и тврди дека ќе разговара со сите.

„Уверен сум дека ќе составам влада која ќе биде еден тим“, им кажа на новинарите и поддржувачите во изборниот штаб. „Сакаме да спроведеме програма за подобар живот во нашата земја“.

Тој истакна дека неговата партија е проевропска, и покрај тоа што не сака да разговара за „Европа со две брзини“ која би можела да ги маргинализира државите како Чешка кои не го вовеле еврото.

„Не е вистина дека сме некаква закана. Ние сме проевропејци и спремен сум да се борам за нашите интереси во Брисел“, кажа Бабиш.

Човекот кого го споредуваат со американскиот претседател Доналд Трамп, поради бизнис позадината и антиестаблишмент програмата, Бабиш успеа да ја одржи популарноста и покрај обвинувањата дека незаконски примил два милиони евра од субвенциите од ЕУ за своето прехранбено и земјоделско царство вредно околу четири милијарди долари.

Претприемачот со словачко потекло е сопственик на земјоделско-прехранбениот џин Агроферта и е втор најбогат човек во Чешка.

Во кампањата најавуваше дека ќе ги победи традиционалните партии, ќе поттикне инвестиции, а емигрантите ќе ги остави пред затворени врати.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе