Оксфам

Милијардерите ја пљачкаат планетата и ја доведуваат во сериозна опасност

Милионерите од дел од светот ја „ограбуваат планетата“ и го ставаат светот во „сериозна опасност“ од климатските промени, предупредуваат активистите.

Фото: ЕПА

Џејми Ливингстон, шефот на Оксфам, претстави нова студија, која покажа дека до крајот на оваа деценија, јаглеродниот отпечаток на 1 процент од најбогатите луѓе во светот ќе биде 30 пати поголем од она што е потребно за глобалното затоплување да се одржи под 1,5 Целзиусов степен.

Авторите на извештајот ги повикаа владите да усвојат мерки за ограничување на „луксузната карбонска консумација, како што се мегајахти, приватни авиони и вселенски патувања“.

Истражувањето доаѓа откако основачот на Амазон Џеф Безос претходно оваа година беше на кратко вселенско патување, сер Ричард Бренсон отпатува до работ на вселената со својот ракетен авион, а приватната компанија за вселенски патувања Спејсекс на Илон Маск развива летало за превоз на луѓе до Марс.

Сепак, научниците велат дека за да се постигне целта договорена на самитот за климата во 2015 година, секој човек треба да ги ограничи своите емисии на ЦO2 на само 2,3 тони до 2030 година, приближно половина од денешниот јаглероден отпечаток.

Новата студија на Оксфам, заснована на истражувањето на Институтот за европска еколошка политика (ИЕЕП) и Стокхолмскиот институт за животна средина (СЕИ), покажа дека 1 процент од најбогатите луѓе ќе ја надминат таа граница за 30 пати.

Таа група на луѓе, помала од населението на Германија, ќе учествува со 16 отсто од вкупните емисии до 2030 година, што е повеќе од 13 отсто во 1990 година и 15 отсто во 2015 година.

„Луксузниот начин на живот и постојаниот грабеж на планетата на најбогатите луѓе во светот нѐ ставаат во зголемена опасност“

Вкупните емисии што ги создаваат само 10 проценти најбогати луѓе веќе и самите може да бидат доволни за да ја надминат границата за затоплување од 1,5 Целзиусов степен до 2030 година, без оглед на тоа што прават другите 90 проценти од луѓето.

„Луксузниот начин на живот и постојаниот грабеж на планетата од страна на најбогатите луѓе во светот нѐ ставаат во сѐ поголема опасност“, рече Ливингстон, шеф на Оксфам, меѓународна организација што се бори против сиромаштијата.

„Емисиите од само еден лет во вселената на еден милијардер се поголеми од вкупните емисии што ги испушта некој што е меѓу најсиромашните милијарда луѓе на земјата во текот на целиот живот“, додаде тој.

„Никој не е имун на ефектите од климатската криза, но најсиромашните во светот се оние што ја плаќаат највисоката цена и покрај тоа што придонесуваат најмалку, а во исто време се борат со поплави, глад и циклони“, рече Ливингстон.

Студијата е објавена за време на климатскиот самит КОП26 во Глазгов, каде што државите разговараат за тоа како најдобро да се ограничат емисиите. Ливингстон рече дека масовниот собир е „момент на вистината во борбата против климатските промени“.

„Глобалните лидери мора да се договорат како да ги ограничат прекумерните емисии и глобалното загревање. Тие мора да го сторат тоа овде и сега, во Глазгов. Одложувањето чини животи“, предупреди лидерот на Оксфам.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе