Хрватскиот претседател

Милановиќ „задоволен и загрижен“ по самитот на НАТО

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изрази незадоволство што во завршниот документ на самитот на НАТО, во делот во кој се зборува за Босна и Херцеговина, е спомнат Дејтонскиот договор, но искажа и загриженост поради отпорот на некои држави тоа да се уфрли во текстот.

EPA-EFE

„Ќе мора да истражиме што точно стои зад тоа и како е можно еден, не баш мал број држави, да саботира, отворано да опструира, да оневозможува во пасусот за БиХ воопшто да се спомне Дејтонскиот договор, како да е нешто отровно“, кажа Милановиќ.

Тој истакна дека во последен момент успеал тоа да го уфрли.

„Да не го направев тоа ќе имавме декларација која како да ја пишувал некој заговорник на таканаречената граѓанска БиХ, што звучи многу благородно, но всушност е измама“, изјави претседателот на Хрватска.

Милановиќ истакна дека хрватската дипломатија ќе мора, за ова да не се повтори, да „ископа“ зошто постои толкава опструкција кон Дејтон.

„Ова ме упатува на единствениот можен заклучок дека некој има некакви креативни планови со БиХ. Е, тука Хрватска ќе се прашува, ќе се прашуваат и босанските Срби, не беа наши сојузници во војната, беа непријатели, Бошњаците пак беа главно сојузници, но она што мене ме интересира во БиХ, целосна, неосквернавена, единствена и тоа никогаш не го доведувам во прашање, е судбината и основните државни гласачки и граѓански права на босанско-херцеговските Хрвати, кои се речиси сите хрватски државјани“, кажа Милановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе