Опишувајќи ја ситуацијата во светот како нестабилна, и истакнувајќи дека „полека се губи компасот“, хрватскиот претседател предупреди дека „сето тоа изгледа како глуварче и само го молиш Бога никој да не кивне за сè да не се разлета“.
„Одговорот на Западот е никаков, баш никаков“, кажа Милановиќ додавајќи дека „имаме санкции кои не функционираат.
Истакна дека „од првиот ден го зборувал тоа“ и дека му е жал што бил во право.
„Санкциите не функционираат, на Русија не ѝ штетат, ако е тоа целта, и што се случи, ни наштетија на нас“, кажа Милановиќ.