Хрватскиот претседател

Милановиќ: Санкциите на Западот не ѝ штетат на Русија, но ни штетат на нас

Западните санкции воведени против Москва поради инвазијата на Украина не функционираат и не ѝ штетат на Русија, но ни штетат на нас, кажа претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

EPA-EFE

Опишувајќи ја ситуацијата во светот како нестабилна, и истакнувајќи дека „полека се губи компасот“, хрватскиот претседател предупреди дека „сето тоа изгледа како глуварче и само го молиш Бога никој да не кивне за сè да не се разлета“.

„Одговорот на Западот е никаков, баш никаков“, кажа Милановиќ додавајќи дека „имаме санкции кои не функционираат.

Истакна дека „од првиот ден го зборувал тоа“ и дека му е жал што бил во право.

„Санкциите не функционираат, на Русија не ѝ штетат, ако е тоа целта, и што се случи, ни наштетија на нас“, кажа Милановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе