Хрватскиот претседател

Милановиќ преку ноќ стана омилен во Русија

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ стана вистинска ѕвезда на руските медиуми кои го поддржуваат Кремљ, кои го опишуваат како „единствен разумен европски лидер“.

EPA-EFE

Неговите изјави за Украина и повлекувањето на хрватските војници од мисиите на НАТО се вистински мелем за тамошните медиуми на страната на Путин, пишува загрепски Јутарњи лист.

„Хрватскиот претседател Милановиќ го кажа само она што многумина во Европската Унија го мислат, но не се осмелуваат да го кажат“, изјави за Раша тудеј директорот на московскиот Центар за европски прашања и стратегија Тимофеј Бордачов, а изјавите на Милановиќ, според него, се „врвот на ледената санта“ во размислувањата и односите во ЕУ и НАТО.

Руските медиуми на изјавите на хрватскиот претседател за Украина им дадоа голем простор, а некои од насловите се: „Дефицит на единство во НАТО“, „На Украина не ѝ е местото во НАТО“, „Хрватска ќе ја повлече својата војска од НАТО во случај на конфликт“, „Одговорноста за ескалацијата е на Вашингтон, вели хрватскиот претседател“ и „Киев е изненаден и разочаран од изјавите од Хрватска“.

Руските медиуми пишуваат и дека Милановиќ прв го кажал тоа што ги мачи многу Европејци, а потоа наведуваат дека меѓу членките на НАТО во врска со Украина има големо несогласување и дека многумина (не наведуваат за кои земји станува збор) размислуваат слично и дека „не сакаат да гинат за Украинците, ниту да се судираат со Русија“.

Но руските медиуми се уверени дека „по патот на Милановиќ ќе тргнат наскоро и многу други европски функционери“, како и дека „тој повлекол нога“. Истакнуваат и дека засега само Чешка изјавила дека е спремна да ја испрати својата војска на помош во случај на руски напад.

Руските медиуми наведуваат дека „Милановиќ сфатил дека Русија не е таа што ги предизвикува конфликтите“, и дека не планира никого да нападне, но дека однесувањето на НАТО со најавата за ширење понатаму на исток ја доведува во прашање безбедноста на Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе