Хрватскиот претседател

Милановиќ одби да отиде на гробот на Туѓман (ВИДЕО)

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ положи венци на гробиштата Мирогој во Загреб, но одби да отиде на гробот на првиот претседател на таа земја Фрањо Туѓман.

EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Милановиќ со тоа го прекрши протоколот на Денот на државноста кој се одбележува на 30 мај.

„Никој да не ми замери, но 30 мај не можам да го нарекувам Ден на државноста бидејќи не е тоа. 25 јуни 1991 година е датумот на излегувањето од Југославија. Тоа е датумот на референдумот за независност на Хрватска за кој се мисли дека со него Хрватите никогаш не се поврзале, па некој тоа ќе им го наметне“, кажа Милановиќ.

Милановиќ на новинарите им кажа дека за него државниот празник е денот кога народот на референдум гласал за независност од Југославија.

„Ова е предизборен собир. Јас не бојкотирам. Ова е ветувањето на една политичка гарнитура кое сега тие го исполнуваат“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе