Хрватскиот претседател

Милановиќ: Кој е виновен за мртвите во Украина, Украинците или они кои ги хушкаа?

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес одржа прес конференција на која зборуваше за руската инвазија на Украина.

EPA-EFE

Тој, за разлика од ставот на хрватската влада, застана на руска страна.

„Не давам да бидам вовлечен во таа приказна. Некој ќе мора да положи сметка, кој е одговорен за волку загинати во Украина. Виновни се Украинците или тие кои ги хушкаа на тоа? Ова не го зборува човек на (рускиот претседател Владимир) Путин, туку човек во чиј интерес е Хрватска. Денес Кина тестираше хиперсонични ракети, тоа се оние кои потопуваат носачи на авиони. Сè се менува. Секој ден сè помалку зборуваме за Украинците. И мене ме прогласуваат за руски човек“, кажа Милановиќ.

Истакна дека кога станува збор за Русија и Кина, Американците имаат работа со опасни непријатели и дека „затоа не се осмелуваат директно да се борат со нив“.

„Нормално дека нема да се борат како будали. Ќе им плескаат на Украинците и како што гледате минаа два месеци и секој ден сè помалку зборуваме за тие несреќни луѓе. Падна Мариупол, а претходно Херсон. Што уште треба да се случи? А мене ме прогласуваат за руски човек или само човек во заблуда“, кажа Милановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе