Милановиќ го покани Ердоган во посета на Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ му изрази сочувство на турскиот претседател и целиот народ поради страдањата на луѓето во катастрофалните пожари и го покани Реџеп Таип Ердоган да ја посети Хрватска.

EPA-EFE

„Разговарав со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган кој ѝ се заблагодари на Хрватска на помошта, односно испраќањето на канадерот на хрватското воено воздухопловство со два екипажи кој помага во гасењето на големите пожари во Турција. Во разговорот му изразив сочувство нему и на целиот турски народ поради страдањата на луѓето во пожарите“, напиша Милановиќ синоќа на Фејсбук.

Додаде дека испраќањето на противпожарниот авион во Турција е израз на пријателските и партнерските односи на двете држави и дека тоа е одлука на државниот врв која заедно ја донеле владата и тој како врховен командант на оружените сили.

„Претседателот Ердоган го поканив официјално да ја посети Хрватска за да продолжиме да ги градиме и развиваме пријателските односи на нашите држави“, додаде Милановиќ.

Во пожарите кои со денови ја пустошат Турција, најлоши во земјата во последната деценија, загинаа осум лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе