Милановиќ: Дража Михајловиќ беше една обична будала, кај нашите соседи сè е заблуда

„Дража Михајловиќ беше една обична будала“, ја прокоментира хрватскиот претседател Зоран Милановиќ фотографијата што може да се види во српските медиуми на која со Михајловиќ е Тито, како двајца антифашисти. „За жал, кај нашите соседи сè е заблуда“, рече Милановиќ на прославата на 30-годишнината од основањето на 2-та гардиска бригада „Громови“.

Фото: ЕПА

„Бедно е тоа што го прават тие. Најбедно е што рекоа дека Тито можел да ги спаси луѓето од Козара ако не се плашел од усташкото движење. Тоа е образовна политика, гледав што зборуваат и се слушнав со неколку историчари и ним им се крена косата на глава. Тоа е свесно индоктринирање на младите“, рече Милановиќ.

„Кај нашите соседи сè е заблуда“, заклучи Милановиќ.

„Поголем број беа во партизани, помал број во силите на оската. За жал, кај нашиот сосед сè е заблуда“, заклучи претседателот на Хрватска.

На новинарско прашање дали се плаши од одмазда против хрватските војници на Косово, тој рече дека не се плаши. „Албанското мнозинство се консолидираше на Косово и е признаено од повеќето земји на ЕУ“, рече Милановиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе