Криза во хрватскиот државен врв

Милановиќ до Пленковиќ: Дојди да измериме чиј е поголем

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ нешто по полноќ напиша на Фејсбук дека премиерот Андреј Пленковиќ како млад дипломат никогаш не платил тура, туку, кога ќе дошол неговиот ред, одел во тоалет.

EPA-EFE

Милановиќ, исто така, го повика Пленковиќ оваа приказна да ја завршат со тоа, како што некои предлагале, да измерат чиј е поголем.

„Шпионот кој го поставија удбаши вели дека сум искомплексиран лажго. Јас не сум толку заборавен како тој. Пленковиќ го знам од времето кога јадеше кроасани и му се смееше на (поранешниот хрватски претседател Фрањо) Туѓман како млад дипломат во Париз кој ништо за ништо не знаеше. Ништо не ни научи.

Шпиониште, знам што зборуваше за Туѓман. За туѓото секогаш знаеше – и сакаше – да се гребеш, а кога требаше да се плати тура, вешто херојски мораше во тоалет или исчезнуваше без траг. Се криеше како херојски зајак кој сакаше да биде нилски коњ. Ајде, Пленковиќ, дојди да измериме чиј е поголем“, напиша претседателот на Хрватска.

Пленковиќ преку својот портпарол му одговори дека бројките се јасни.

„ХДЗ е на 32, а СДП на Милановиќ на 17. Јасно е кој има поголеми бројки, Милановиќ е само љубоморен“, порача портпаролот на Пленковиќ Марко Милиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе