Хрватскиот претседател

Милановиќ: Америка преку Украина води војна против Русија

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес се осврна на одлуката на хрватската влада за обучување украински војници и истакна дека станува збор за (терор и малтретирање од страна на (хрватскиот премиер Андреј) Пленковиќ, и неговата желба да протурка некои свои идеи“.

EPA-EFE

„Таму се води војна меѓу Америка и Русија. Меѓу Русија и Украина јас сум на страната на Украина, нормално. Но тоа е војна меѓу Америка и Русија“, кажа Милановиќ.

Според него, Американците преку украинските момчиња водат војна против Русија.

Милановиќ неодамна ја одби обуката на украинските војници во Хрватска, што доведе до судир меѓу него и премиерот Пленковиќ.

Бидејќи владата ја одобри обуката, одлуката сега зависи од хрватскиот парламент.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе