Михаил Мишустин стана новиот премиер на Русија

Руските пратеници денес го изгласаа Михаил Мишустин за нов премиер.

Во Думата, долниот дом на рускиот парламент, денеска се гласаше за нов премиер. Михаил Мишустин доби 383 гласови од можните 424. 41 пратеник беа воздржани, јави ДВ.

Во своето обраќање пред парламентот, Мишустин рече дека Русите мора да „почувствуваат вистински промени на подобро“ и дека се залага за задржување на инфлацијата на околу 4%.

Тој додаде дека сите членови на неговата влада ќе „понесат лична одговорност“ за постигнувањето на програмата за економски развој на Путин.

Путин вчера изјави дека е задоволен од работата на претходната влада, иако таа не го исполни сето она што беше предвидено.

Расправата во руската Дума беше само формалност, бидејќи таа е целосно под контрола на пратениците лојални на Путин. Путин вчера го назначи Михаил Мишустин, малку познатиот директор на руската даночна управа, за нов премиер, објави Кремљ.

Тој го испрати именувањето во парламентот, откако Мишустин се согласи да ја преземе должноста, се вели во соопштението.

Непознат за пошироката јавност, Мишустин десет години е на должноста директор на даночната управа, каде си изгради репутација на успешен човек.

Кон крајот на 1980-тите години, Михаил Мишустин дипломирал на Технолошкиот факултет во руската престолнина, а во 1998 година, тој се приклучиl на руската управа како потпретседател на даночната служба и заменик министер задолжен за истиот оддел.

Тој вршел високи должности во владините агенции и во 2010 година дошол на чело на руската даночна управа со задача темелно да ја модернизира.

Мишустин е оженет и татко на три деца. Во 2015 година, се најде на 54-то место на најплатени високи руски службеници, според списанието Форбс, со приходи од 2,7 милиони евра.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе