Европската агенција за гранична и крајбрежна стража

Мигранти во Грција се појавиле на домашните адреси на вработените во Фронтекс

Десетици баратели на азил утрово се појавиле на домашните адреси на вработените во Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс во тракискиот град Орестијада, соопштија грчките власти.

Полицијата соопшти дека 61 мигрант, мажи, жени и деца, кои тукушто илегално ја преминале границата со Турција, се упатиле право кон изнајмените станови во кои живеат Германци и Холанѓани вработени во агенцијата Фронтекс и заѕвониле на нивните врати, пренесува АП.

Мигрантите од Сирија и Ирак објасниле дека само сакаат да се пријават за азил, а домаќините викнале полиција.

Полицијата рече дека е нејасно како мигрантите ги нашле домашните адреси на вработените и зошто не отишле во полициска станица. Сириските и ирачките бегалци без многу мака добиваат азил во Грција, вели Њујорк тајмс.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе