По повик на социјалните мрежи

Мигранти се собираат кај Солун за да тргнат на север, судири со грчката полиција (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици имигранти од разни делови на Грција се собираат денеска пред камп во близина на Солун и планираат пеш да тргнат преку границите на балканските земји во потрага по азил во богатите централни делови на Европа.

Меѓу мигрантите и полицијата избија судири кај кампот.

Полицијата соопшти дека повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи и семејства со деца, се собрале денеска на пченкарно поле кај мигрантскиот камп Диавата, на околу 10 километри западно од Солун, како и дека некои поставиле шатори. Десетици други пристигнуваат пеш, вели Асошиејтед прес.

Подоцна околу 200 мигранти се судриле со полицијата за немири откако се обиделе да го пробијат кордонот. Тие фрлале камења кон полицајците, кои одговориле со солзавец и шок-бомби.

Мигрантите рекле дека одговараат на анонимен повик на социјалните мрежи да стигнат до грчката граница со Македонија, оддалечена 60 километри, и да се обидат да ја пробијат оваа граница, а потоа повторно да тргнат по мигрантската балканска рута, која беше цврсто затворена во 2016 година.

Агенцијата на ОН за бегалци ги предупреди имигрантите да не упатуваат повици преку социјалните мрежи, велејќи дека нерегуларните премини преку граница се „ризични и опасни“.

Во соопштението во кое се предупредува на „лажни информации и гласини на социјалните медиуми“, УНХЦР соопшти дека не ги поттикнува ниту ги поддржува „нерегуларните движења“ и истакна дека државите имаат право да управуваат со своите граници.

„Покрај потенцијалните несакани правни последици, учесниците во овие движења може да завршат во тешки хуманитарни услови, меѓу другото и да останат без соодветно засолниште, храна и други основни услуги“, рече УНХЦР. „Ве молиме, не ги загрозувајте вашите животи и животите на членовите на вашето семејство и децата“.

Но луѓето што се собираат кај пренатрупаниот камп Диавата рекоа дека ќе си ја пробаат среќата на границата.

„Се соочуваме со многу проблеми во Грција“, рекол Ираки Курд Дарја Вус (35) за Асошиејтед прес. „Тие ни даваат многу малку пари. Ние немаме иднина (во Грција). Моето сослушување за азил е закажано за 2021 година.“

Тој рекол дека мигрантите ќе се обидат да ја преминат границата со Македонија, и покрај веројатната блокада од полициите во двете земји.

„Ќе се обидеме да ги убедиме да ни дозволат да тргнеме во Европа“, рече тој.

Сајџад Хамид (27), Ирачанец од Багдад, кој во Грција престојува 15 месеци откако нелегално влегол од Турција, планира да ја помине ноќта во шатор со своите четири мали деца. Тие патувале кон север со автобус од централниот град Халкида, каде што живееле во хотелска соба доделена од невладина организација.

„Ние, бегалците, сме уморни“, рече тој. „Сакаме да заминеме. Нема ништо за нас тука.“

Повеќе од 70.000 баратели на азил се заглавени во Грција по затворањето на границите во 2016 година и договорот меѓу Европската Унија и Турција, чија цел е да се спречат миграциските текови.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе