Мигранти на чамец во Јонското Море одбиле помош од грчката крајбрежна стража

Грчката крајбрежна стража соопшти дека мигрантите од чамец кој западнал во неволја во Јонското Море, одбиле помош од грчка страна, поради страв да не бидат вратени назад.

Фото: Архива

Грчката крајбрежна стража известува дека група од 56 мигранти се наоѓале во чамец кој имал потешкотии вчера кај островот Кефалонија и дека во тоа време дувал силен ветер.

„Во текот на вчерашниот ден мигрантите преку радио сигнализираа дека нема да прифатат помош од ниту еден брод во близина или од грчките власти“, се вели во соопштението.

Дури кога се стемни и поради влошување на временските услови мигрантите прифатија да бидат спасени од танкер кој пловел под знамето на Сингапур, се додава во соопштението.

Мигрантите, чија националност не е прецизирана, биле донесени во пристаништето Игуменица, а потрагата по други мигранти продолжила.

Грчката крајбрежна стража објави дека од почетокот на годинава во грчките води спасила околу 1.500 луѓе.

Групите за човекови права, сепак, пресметаа дека стотици други мигранти се вратени нелегално и не им е дозволено да аплицираат за азил. Грција ги негира овие тврдења.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе