Мицотакис побара Германија и земјите од ЕУ да ги преземат мигрантите

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика Германија и другите земји од ЕУ мигрантите и барателите на азил да ги преземат директно од грчкиот остров Лезбос.

„Идејата е дел од постапката на давање азил да се спроведе во други земји“, изјави Мицотакис за Билд.

Како што кажа, европскиот систем за азил и емиграција мора да се унапреди, како што ветила Европската комисија, и додаде дека мора повеќе да се дели товарот од тој проблем.

Околу 39.000 мигранти живеат во центрите и околу нив на Лезбос, Хиос, Лерос и Кос, чиј капацитет е 7.500 луѓе.

Грчките власти наведуваат дека пристигнувањата на мигранти во Грција од соседна Турција повторно се во пораст и десетици илјади мигранти се набуткани во камповите на грчките острови.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе