Мицотакис: Ова повеќе не е проблем со бегалци, ова е напад од Турција (ВИДЕО)

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека емигрантската криза е „асиметрична закана“ за грниците на ЕУ и истакна дека Грција и ЕУ нема да дозволат да бидат уценувани, пренесува Екатимерини.

„Тоа повеќе не е проблем со бегалци. Тоа е безобразен напад од Турција која се обидува да ги искористи очајните луѓе за да ја промовира својата геополитичка агенда и да го сврти вниманието од ситуацијата во Сирија“, кажа Мицотакис на конференција за медиумите на која присуствуваа и претставници на ЕУ.

Како што пренесува Екатимерини, Мицотакис кажа дека луѓето кои се обидуваат да влезат во Грција во изминатите денови не доаѓаат од сириската провинција Идлиб, туку дека безбедно живееле во Турција некое време.

„Европа нема да дозволи уценување од Турција. Ние стоиме на располагање со помош во проблемот со бегалците, како и за решавање на прашањето во Сирија, но во поинакви околности. Мојата должност е да го штитам суверенитетот на својата земја“, кажа Мицотакис.

Тој додаде дека се надева дека оваа ситуација ќе ги „разбуди сите“. „Да бидеме искрени, ЕУ немаше задача да се бори со емигрантската криза, се надева дека ова ќе биде будење за сите“, изјави грчкиот премиер.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе