Мицотакис: НАТО да ги засили патролите во Егејското Море поради заканата на Ердоган

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побара од НАТО да ги засили патролите во Егејското Море по заканата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој кажа дека ќе пушти над три милиони емигранти во Европа.

Мицотакис по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на новинарите им кажа дека на самитот на Северноатлантската алијанса во декември од сојузниците ќе побара да го „засилат присуството во Егејското Море со повеќе бродови“.

Тој се заложи за „зголемување на мисијата на НАТО на југот на Егејското Море за да покрие поголем дел од поморската граница на Грција“.

Столтенберг вети дека ќе продолжи да бара од сојузниците да го „зголемат бројот на бродовите“, но и прецизираше дека мандатот на патролите на НАТО е да „собира информации а не да ги сопра бродовите“ со емигранти.

„За секоја промена на мандатот е неопходен консензус“, наведе генералниот секретар на воениот пакт. За консензус е потребна согласност и на Турција.

Грција е загрижена поради заканите на турскиот претседател дека „ќе испрати 3,6 милиони емигранти“ во Европа, како одговор на европските критики на турската офанзива во северна Сирија.

Притисокот врз Грција постојано се зголемува бидејќи таа земја за првпат од 2016 година и договорот на ЕУ и Турција за емигрантите годинава стана главната влезна точка во Европа за емигрантите. До септември повеќе од 10.000 емигранти пристигнаа на грчките острови.

Во Грција има околу 70.000 емигранти, од кои речиси 30.000 на пет егејски острови во близина на Турција.

Столтенберг призна дека Грција е „на првата линија на фронтот“ и дека „има уште многу работа“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе