Помпео се заканува со санкции

Мицотакис: Иранскиот танкер не оди кон Грција

Иранскиот танкер, кој САД сакаат да го запленат, не се движи во правец на Грција, изјави денес грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Танкерот тргна во неделата од Гибралтар, каде беше држен месец и пол и сега плови по Средоземното Море, а медумите претходно објавија дека се движи кон грчкото пристаниште Каламата, на јужниот брег на Пелопонез и дека таму би требало да стигне до понеделник.

Мицотакис во изјава за Франс 24, меѓутоа, кажа дека танкерот не се движи кон Грција, истакнувајќи дека грчките власти не добиле барање тој да се вкотви во грчкото пристаниште.

САД сакаат да го запленат танкерот, тврдејќи дека тој има врски со иранската Револуционерна гарда.

Заменик шефот на грчаката дипломатија Митијадис Варвициотис изјави вчера дека Грција нема да ги загрози своите односи со САД со пружеање помош на иранскиот танкер.

Тој кажа дека Атина е под притисок на американските власти, а и дека 330 метри долгиот танкер секако е преголем за да вплови во некое од грчките пристаништа.

Танкерот сепак може да вплови во грчките територијални води или да се вкотви на море, кажа Варвициотис, додавајќи дека во тој случај Атина ќе види што ќе преземе.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно кажа дека САД ќе преземат сѐ што можат за да спречат иранскиот танкер да ѝ достави нафта на Сирија и на тој начин да ги прекрши американските санкции.

„Јасно им дадовме до знаење на сите што ќе го допрат бродот, кој било што ќе му дозволи да се вкотви, дека ризикуваат САД да им воведат санкции“, кажа Помпео.

Иранскиот танкер превезува околу два милиони барели нафта.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе