Мицотакис им порача на Англичаните: Вратете ни го богатството од Партенон

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека културното богатство од Партенон во Британскиот музеј треба да се врати во Атина и го повика Лондон да ја постигне таа цел.

Фото: ЕПА

Премиерот Борис Џонсон во март рече дека Британскиот музеј е легитимен сопственик на овие антички скулптури, отфрлајќи го трајното барање на Грција за нивно враќање.

„Обединетото Кралство треба да започне дијалог со добра волја со Грција и ги повикувам да го сторат тоа“, рече Мицотакис во говорот во Париз, обраќајќи се на 41-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО и на церемонијата по повод 75-годишнината од основањето на оваа агенција на ОН за образование, наука и култура.

Мицотакис рече дека УНЕСКО направил клучен чекор во септември, кога признал дека прашањето има меѓувладин карактер.

„Според ова, обврската за враќање на скулптурите од Партенон е директна надлежност на британската влада“, нагласи грчкиот премиер.

Грчката влада на премиерот Мицотакис го зголеми притисокот за враќање на културните богатства откако ја презеде власта во 2019 година и најави уште поинтензивна кампања по заминувањето на Британија од Европската Унија.

Од независноста во 1832 година, Грција постојано бара да се врати нејзиното богатство, во Британија познато како „Елгиновиот мермер“, кое британскиот дипломат лорд Елгин го однел од храмот Партенон во Атина во почетокот на 19 век, кога Грција беше под отоманска власт. Танјуг.

Британскиот музеј во Лондон одби да ги врати скулптурите, околу половина од 160-метарскиот мермерен фриз што го красеше споменикот од 5 век п.н.е., велејќи дека Елгин ги стекнал со законски договор со Отоманската Империја и дека тие се дел од заедничкото наследство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе