Мицотакис: Грција ќе бара од НАТО да ги осуди акциите на Турција

Грција нема да толерира каква било турска провокација без реагирање, изјави грчкиот премиер и лидер на партијата Нова демократија Кирјакос Мицотакис.

Тој ова го изјави на завршното обраќање на 13 конгрес на партијата, наведувајќи дека ќе бара од НАТо да ја осуди Турција на самитот на лидерите на 3 и 4 декември во Лондон, јавува грешката агенција АНА.

Укажувајќи на поддршката на Европската народна партија на Грција, Мицотакис за НАТО кажа дека „сојузот не може рамнодушно да стои и гледа додека еден од неговите членови остро го крши меѓународното право и се врти против друг член“.

Кажа дека „стратегијата на задржување на еднаква оддалеченост на поморските граници (меѓу Грција и Турција) многу ја оштетува Грција, која никогаш не сакала да создава тензии во регионот“.

„Но Грција знае како да ги брани своите права со самодоверба, смирена глава и ефикасност“, кажа Мицотакис.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе