Тој ова го изјави на завршното обраќање на 13 конгрес на партијата, наведувајќи дека ќе бара од НАТо да ја осуди Турција на самитот на лидерите на 3 и 4 декември во Лондон, јавува грешката агенција АНА.
Укажувајќи на поддршката на Европската народна партија на Грција, Мицотакис за НАТО кажа дека „сојузот не може рамнодушно да стои и гледа додека еден од неговите членови остро го крши меѓународното право и се врти против друг член“.
Кажа дека „стратегијата на задржување на еднаква оддалеченост на поморските граници (меѓу Грција и Турција) многу ја оштетува Грција, која никогаш не сакала да создава тензии во регионот“.
„Но Грција знае како да ги брани своите права со самодоверба, смирена глава и ефикасност“, кажа Мицотакис.