Мицотакис даде заклетва, Грција има нов премиер

Лидерот на конзервативната Нова демократија Кирјакос Мицотакис даде денес заклетва како нов премиер на Грција.

Мицотакис заклетвата ја даде во присуство на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, пренесува агенцијата АНА, а грчките медиуми јавуваат дека составот на новата влада ќе биде познат уште вечерва.

Конзервативната Нова демократија победи на вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција, победувајќи ја Сириза на досегашниот премиер Алексис Ципрас. Според речиси 100 отсто преброени гласови, Нова демократија има 158 од 300 места во парламентот, а Сириза 86 места.

Мицотакис синоќа вети дека напорно ќе работи за да ги застапува сите Грци. „Премалку нѐ има за да останеме поделени“, кажа Мицотакис. Додаде дека добил силен мандат кој ќе му овозможи да ја промени Грција и да ја примени програмата за намалување на даноците, отворање повеќе работни места и привлекување дополнителни инвестиции, пренесува Ројтерс.

„Општеството испрати јасна порака во корист на растот, отворањето работни места и безбедноста“, наведе Мицотакис, додавајќи дека транспарентноста и меритократијата ќе се вратат во Грција и дека земјата погласно ќе се слушне во Европа.

Новиот грчки премиер истакна дека управување со земјата го презема свесен за својата одговорност кон народот. Тој порача дека на „пресудата на народот“ гледа со скромност и почит.

Мицотакис истакна дека нема да го разочара грчкиот народ и најави дека пратениците ќе работата и во текот на летото бидејќи „иднината не може да чека“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе