МИ5 тврди дека во парламентот работи кинеска шпионка, го објавија нејзиното име

Британската разузнавачка служба МИ5 ги предупреди пратениците за постапките на наводна агентка на кинеската влада во парламентот, соопштија вчера властите. Конзервативниот пратеник Иан Данкан Смит, многу критичен кон кинескиот режим, во изјава за колегите рече дека „МИ5 контактирала со претседателот" (на Претставничкиот дом) и дека тој „ги предупредува пратениците дека агент на кинеската влада дејствува во парламентот".

Фото: скриншот

Канцеларијата на претседателот на Претставничкиот дом Линдзи Хојл потврди дека го испратил известувањето „во договор со службата за безбедност“, без дополнителни коментари. „Знам дека многумина ќе бидат загрижени поради фактот што лице кое свесно учествувало во политички активности во име на Кинеската Комунистичка партија ги таргетирало парламентарните пратеници“, напиша министерката за внатрешни работи Прити Пател на Твитер.

Но, таа истакна дека нејзиното идентификување е „резултат на цврсти системи што Велика Британија ги постави за да открие надворешно мешање и каква било можна закана за нашата демократија“.

Кинеската амбасада во Лондон ги отфрли обвинувањата, велејќи: „Немаме потреба и никогаш не сакаме да „купуваме влијание“ во странски парламент. Ние силно се спротивставуваме на клеветата и заплашувањето на кинеската заедница во Велика Британија“, се додава.

Во предупредувањето издадено од МИ5, како што пренесуваат медиумите, се наведува дека се работи за Кристин Ли, која „свесно учествувала во активности за политичко мешање во име на Одделот за труд на Обединетиот фронт на Кинеската комунистичка партија“.

Таа посредувала и во исплата на „финансиски донации за политички партии и сегашни и идни парламентарни пратеници во Велика Британија“, наведува истиот извор, а парите пристигнувале од странски државјани од Кина и Хонг Конг.

Кристин Ли наводно исплатила стотици илјади фунти на Бери Гардинер, поранешен висок функционер на Лабуристичката партија и на самата партија.

Таа се фотографирала со поранешниот конзервативен премиер Дејвид Камерон на еден настан во 2015 година, а во друга прилика со поранешниот претседател на лабуристите Џереми Корбин. Во 2019 година, конзервативната премиерка Тереза Меј ја одликувала Кристин Ли за нејзиниот придонес во воспоставувањето пријателски врски со Кина.

Бери Гардинер се огласи со соопштение во кое вели дека ги пријавил сите донации во согласност со прописите, додавајќи дека синот на Кристин Ли работел за него додека тој не поднел оставка во четвртокот.

Пратеникот Иан Данкан Смит изрази загриженост дека Ли сè уште не е уапсена, туку само ѝ е забранет влез во парламентот. Тој повика и на промена на правилата за акредитација во парламентот. Името на Данкан Смит е на списокот на британски политичари на кои Пекинг им воведе санкции поради критикување на неговата политика кон Ујгурите.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе