Расте бројот на жртвите во Албанија

Мета: Ситуацијата е драматична (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа во силните земјотреси кои утринава го погодија албанскиот град Драч. Повредени се над 300 луѓе, соопштија властите.

Претседателот на Албанија Иљир Мета соопшти дека ситуацијата во тој дел од земјата е „многу драматична“.

Мета во местото Туман, 36 километри северно од Тирана, кажа дека се прават сите напори за луѓето да се извлечат од урнатините. Најкритично во моментов е во Драч, каде се пронајдени тела на девојки од 10 и 18 години.

Албанското министерство за одбрана соопшти дека во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер, кој утринава ја погоди Албанија, загинале најмалку шест лица.

Портпаролката на министерството соопшти дека две тела се извлечени од урната зграда во Драч. Во Драч досега се забележани вкупно три жртви, две се најдени во местото Туман и една во Курбин.

Министерството за здравство соопшти дека досега се повредени околу 300 лица во тие три града, како и дека пристигнуваат нови.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе