Албанскиот претседател

Мета: Рама и Баша да се договорат, да ја вратиме „европската надеж“

Албанскиот претседател Илир Мета побара од премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша да се откажат од борбата за власта.

Тој им порача да размислуваат за изборите на 13 октомври бидејќи, како што наведе, сѐ уште има време да се врати „европската надеж“ кај албанските граѓани.

Тој потсети на својата изјава од минатата година по заклучокот на Советот на ЕУ, во кој албанските политичари беа предупредени дека времето истекува и дека локалните избори ќе бидат тежок испит за одлуката за преговорите.

„Не само што беше потрошена една година, туку нештата се влошија поради борбата за власт. Но сѐ уште имаме можност да ги искористиме овие денови, да одржиме избори на 13 октомври. Тоа е обврска и не само законска, туку е неопходно за да не се случи да не добиеме датум за преговорите со ЕУ“, напиша Мета на Фејсбук.

Тој му предложи на Рама доколку не сака претседателот да има улога на медијатор, меѓународни претставници да посредуваат во политичкиот дијалог.

„Итно треба да се искористи спремноста на раководството на ОБСЕ да помогне во надминувањето на кризата“, порача Мета.

Како што кажа, сите можности се на маса, но ако владејачкото мнозинство и опозицијата бараат алиби, тогаш постои ризик да ја изолираат земјата од европското семејство.

Албанија е во повеќемесечна политичка криза откако опозицијата го напушти парламентот и ги бојкотираше локалните избори на 30 јуни, кои, инаку, претходно ги одложи албанскиот претседател Мета.

На тие избори учествуваше само владејачката коалиција на Еди Рама и неколку малцински партии во земјата.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе