„Комплетно е лудо да се зборува за експанзионистички проекти“

Мета: Проектот „Голема Србија“ не успеа, идејата за „Голема Албанија“ е неостварлива

Албанскиот претседател Илир Мета рече дека проектот за Голема Србија не успеал, а дека идејата за Голема Албанија воопшто не е изводлива.

Мета рече дека е комплетно лудо да се зборува за експанзионистички проекти.

„Живееме во комплицирано подрачје. Не постои 'етнички исчистена' држава на Балканот. Комплетно лудило е да се зборува за експанзионистички проекти“, рече Мета во интервју за египетски Ел Ахрам.

Во исто време, албанскиот претседател додаде дека верува во регионалниот мир, изјавувајќи дека односот меѓу Албанија и Грција е исклучително важен и дека врската со Турција е „историска“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе