„Владата ја узурпира секоја независна институција“

Мета: Албанија ризикува повторно да стане европска Северна Кореја (ВИДЕО)

Претседателот на Албанија Илир Мета предупреди денес дека Албанија ризикува повторно да стане „европска Северна Кореја“, објаснувајќи го својот став во уставниот конфликт кој го попречува процесот на пристапување на таа земја на Европската Унија.

Во интербју за Јуроњуз Мета наведе дека албанската влада која ја водат социјалдемократите „ја узурпира секоја независна институција“ во земјата и дека е „во служба на еднопартискиот режим“.

Мета кажа дека тој се „бори за демократијата“ негорајќи дека станува збор за негова борба за власт со премиерот Еди Рама.

„Како можат да бидам над партиската политика кога имаме целосно узурпирање на државата од страна на владејачкото мнозинство кое контролира сѐ?“, праша Мета.

Претседателот на Албанија додаде дека неговата земја денес за жал се наоѓа под еднопартиски режим, под закана да се врати 30 години наназад кога била „Северна Кореја на Европа“.

Тој истакна дека не се бори за власт.

„Јас се борам за владеење на правото во Албанија. Се борам за владеење на демократијата наспорти еднопартискиот режим кој ја узурпираше секоја независна институција во оваа земја и сега сака да го приграби и уставниот суд“, наведе тој.

Претседателот на АЛбанија за 2 март повика на масовен протест против владата во Тирана, откако премиерот Рама го отвори прашањето за отповикување на претседателот – по обидот на Мета да ги откаже минатогодишните локални избори.

Главната опозициска партија во Албанија, Демократската партија го поддржа повикот на шефот на државата на протест и побара нови избори.

Опозицијата минатата година со месеци одржуваше протести кои често се претвораа во насилни судири со полицијата, го бојкотираше парлементот и локалните ибзори, обвинувајќи ја владата за местење на изборите и поврзаност со организираниот криминал.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе