Чернобил- туристичка атракција

Местото на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата отворено за туристи

По нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, властите на тогашен СССР, а подоцна и на Украина, строго го забрануваа пристапот на неовластени лица до местата изложени на радијација во близина на поранешниот нуклеарен реактор. Новиот закон ќе им овозможи на туристите краткотрајни посети на местото на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата.

Областа околу поранешната нуклеарна централа, наречена Чернобилска забранета зона, опфаќа 2.589 км² и во рамки на таа област не е дозволено живеење, пренесува Сајанс алерт.

На туристите кои го посетувале местото на трагедијата од 1986 година со децении им било дозволувано само да ги посетуваат напуштените училишни дворови, забавните паркови и училниците во близина на нуклеарната централа.

Пристап до злогласниот Реактор 4, во кој се случи експлозијата, досега им бил дозволен само на научници, чистачи и мал број новинари.

Според новиот закон, туристите ќе можат да ја посетуваат контролната соба на реакторот, местото каде биле донесени одлуки што на крајот доведоа до трагедијата.

Бидејќи нивото на радијација во внатрешноста на собата и денес е 40,000 пати повисоко од вообичаеното, посетителите дефинитивно ќе мора да носат деконтаминирачко одело или хазмат одело, шлем, маска и индустриски чизми. Самите посети ќе бидат ограничени на 5 минути, по што сите туристи ќе бидат подложени на радијациско тестирање.

Туристичките компании објавија дека по прикажувањето на серијата „Чернобил“ на ХБО, наградена со дури 10 Еми, нагло се зголемил интересот за посета на местото на нуклеарната катастрофа пред повеќе од 30 години.

За само неколку месеци, забранетата зона ја посетиле 85.000 туристи, а во јули годинава украинската влада го прогласи Чернобил за официјална туристичка атракција и најави започнување на големи инвестиции за понатамошен развој.

„Треба да вдахнеме нов живот во овој дел од Украина. Чернобил досега беше негативен дел од туристичкото брендирање на нашата земја. Сега е време тоа да го промениме“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе