Поранешниот хрватски претседател за Дојче веле

Месиќ: Обединетите нации можеа да ги спречат војните во Југославија

Да стоеја трупите на обединетите нации на границата меѓу Србија и Хрватска, и Србија и Босна и Херцеговина, немаше да има војна, смета претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ во интервју за Дојче веле.

ДВ:Господине претседател, минаа повеќе од четврт век од војните во регионот на поранешна Југославија, Хрватска и Словенија денес се членки на Европската Унија, а другите земји сакаат да влезат во ЕУ. Можеме ли да кажеме дека Балканот е стабилизиран и дека нема закана од некоја повторна експлозија?

Стјепан Месиќ: Сметам дека не е во таква фаза да може да се очекува некаква експлозија, бидејќи искуството на војната што ние го имавме е поука за сите дека војната не се исплати. Меѓутоа, има некои прашања кои мора политички да се решаваат. На пример, го имаме во Република Српска Милорад Додик кој не ја признава Босна и Херцеговина. Значи тој едно време беше на челото на Претседателството на БиХ, а не ја признава БиХ.

Меѓутоа, тој проблем не може да се реши во Сараево. Тој проблем може да се реши во Белград и во Загреб. Хрватска им кажа на Хрватите во БиХ во времето додека јас бев претседател, вашата татковина е Босна и Херцеговина, вашиот главен град е Сараево, својата политика создавајте ја со другите два народи. Од Белград добиваме порака која вели дека тие ја почитуваат иприфаќаат БиХ. Официјален Белград вели дека ја почитува единствена БиХ, а во исто време ја поддржуваат политиката на Милорад Додик, кој не ја признава БиХ и ја персонифицира Република Српска во БиХ.

Значи БиХ е најважниот проблем на западниот Балкан?

Па не најважниот, но еден од проблемите кои мора да се решат. Мора да почнеме од тоа дека архитектурата на европските граници е завршена.

Значи ли тоа дека границите на Балканот се неприкосновени?

Точно. Единствениот излез е влезот во Европската Унија и сите да ги отвориме своите граници.

Дали тоа важи и за границата меѓу Србија и Косово?

Апсолутно. Сите војни во Европа почнаа поради границите. А сите агресори мамеа и зборуваа дека тие всушност го бранат своето национално малцинство во другата земја. Меѓутоа, тие освојуваа туѓи територии. Тие едноставно мамеа. И сега се појавува Европската Унија со својот милениумски потфат кој гласи: ќе ги отвориме своите граници. Границите пречеа народот да живее во својот вкупен културен корпус, бидејќи се национални малцинства од другата страна на границата. А во ЕУ народот ќе живее во својот вкупен културен корпус. Значи границата нема да биде пречка. Тоа значи дека таква Европа ја исклучува војната како политичко средство.

Зар не беа такви границите, како во денешна Европска Унија, меѓу републиките на поранешна Југославија?

Да. Ние имавме како што каав, кога Југославија повеќе ги немаше главните интегративни фактори. Јас бев последниот претседател на Претседателството на Југославија. Мојот предлог беше: ако никој не е задоволен од федерацијата, да одиме на нов договор. Тоа значи најпрво републиките да прогласат своја самостојност, а потоа да потпишеме конфедерален договор на три до пет години. Ако нештата тргнат, да го продолжиме конфедералниот договор. А како самостојни држави го продолжуваме секој за себе патот во Европа – значи без војни, без разурнување, без мртви.

Меѓутоа, главниот виновник е Слободан Милошевиќ, кој се наоѓаше на челото на Србија и кој е инаку Црногорец. Тој едноставно сакаше етнички чиста „Голема Србија“. И затоа почна чистењето на несрпското население. Но границите меѓу републиките и покраините не се променети за милиметар. Значи кога Милошевиќ со својата моќна армија не можеше да ги промени границите, нив никој не може да ги промени ни сега.

Како ја гледате иднината на тие земји? Дали ќе станат членки на ЕУ? Дали ќе има мир, соработка?

Проблемот е поширок. Пред сѐ Обединетите нации мора да доживеат одредена реформа. Кога јас бев претседател на Југославија, отидов во ОН и побарав меѓународни сили – само симболично – да застанат на границата меѓу Хрватска и Србија и Босна и Херцеговина и Србија. Генералниот секретар на ОН кажа: Ние тоа не го можеме. Не можеме превентивно да дејствуваме. Ние можеме само, кога ќе дојде до војна, да дејствуваме војната да престане.

Мислам дека светските лидери извлекоа поука од тоа што се случи. Сега им се воведуваат санкции на одредени држави, но без ОН. Се водат војни без ОН.

Господине претседател, дали влегувањето на сите земји од поранешна Југославија во НАТО и ЕУ ќе обезбеди мир?

Да, тоа ќе биде мир, на нашиот простор сигурно.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе