Еколошка катастрофа

Мештаните пробуваат да го запрат излевањето нафта кај рајските плажи на Маурициус (ФОТО+ВИДЕО)

Волонтери на Маурициус се обидуваат да направат премини преку кои нафтата што се излева од насуканиот јапонски танкер Вакашио би ја пренасочиле што подалеку од островот, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Протекувањето нафта од товарниот брод што на 25 јули се насука на корален гребен кај Маурициус предизвикува еколошка катастрофа, загрозувајќи ги коралите, рибите и другиот морски живот во Индиски Океан.

Активистите на Гринпис предупредија дека излевањето на нафтата најверојатно ќе биде најголемата еколошка криза во историјата на Маурициус. Сателитските снимки покажуваат како нафтата се излева во кристално сините води околу бродот. Дел од нафтата стигна и до брегот.

Денес мештаните со помош на цевки направени од слама се обидуваат да ја „соберат“ нафтата и да спречат таа и понатаму да се излева во океанот. Некои се доброволно ангажирани во чистење на плажите.

Владата во четвртокот објави дека нафтата протекува од пукнатина во трупот на бродот, а премиерот Кумар Југнаут прогласи вонредна состојба и побара меѓународна помош.

„Тонењето на Вакашио претставува опасност за Маурициус“, рече Југнаут.

„Нагашики шипинг компани“, која е сопственик на товарниот брод Вакашио, рече дека и самите се обиделе да постават заштита околу бродот за да спречат протекување на нафтата, но дека не успеале поради лошите временски услови. Во исто време, во тек се напори дел од горивото со хеликоптери да се пренесе на друго место.

„Правиме сè што е можно во соработка со властите на Маурициус и надлежните јапонски организации да ја испумпаме нафтата од бродот, да ја исчистиме нафтената дамка и безбедно да го преместиме бродот“, велат од компанијата.

Танкерот е долг 299,5 метри и широк 50 метри и има 20 члена на екипажот. Плови под знамето на Панама, а е во сопственост на компанијата Окијо Марин, филијала на „Нагашики шипинг“.

Се верува дека бродот носел околу 4.000 тони гориво, а се стравува дека досега протекле најмалку 1.000 тони нафта во водите околу Маурициус. Сите членови на екипажот се евакуирани од бродот.

Маурициус, познат по своите рајски плажи, е популарен кај туристите, од кои земјата минатата година заработи 1,6 милијарда долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе