Коронавирус

Мерките не се адекватни за делта-сојот, тој менува сѐ од корен, рече новозеландски министер

Министерот од Нов Зеланд одговорен за одговор на ковид-19, Крис Хипкинс, изјави дека делта-сојот на коронавирусот „менува сѐ од корен“ и ги прави постојните мерки за заштита „многу помалку соодветни“. Во Нов Зеланд веќе шест месеци немаше ниеден заразен, но властите неодамна воведоа строга блокада откако беше откриен еден заразен со делта-сојот на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Според него, доаѓањето на високозаразниот делта-сој „донесе некои многу големи прашања“ за одговорот на пандемијата во Нов Зеланд.

Хипкинс за локалните медиуми изјави дека елиминацијата на вирусот останува цел на новозеландските власти.

„Реалноста ни укажува дека вирусот се шири 24 часа откако лицето ќе се разболи и тоа значително менува сѐ од корен. Тоа значи дека сите наши постоечки заштитни мерки почнуваат да бидат многу помалку адекватни и слаби, што отвора големи прашања за долгорочните планови“, нагласи Хипкинс.

Во Нов Зеланд веќе шест месеци немаше ниеден заразен, но властите неодамна воведоа строга блокада откако во Окленд беше откриен еден заразен со делта-сојот на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 21 случај на коронавирус во Нов Зеланд. Сега се заразени вкупно 72 лица, а седум училишта во Окленд пријавиле заразени меѓу учениците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе