Меркел: Жените мора да бидат посмели при посегнување по лидерски позиции

Германската канцеларка во заминување и поранешна претседателка на Христијанско-демократската партија (ЦДУ) Ангела Меркел се надева дека повеќе жени ќе се приклучат на раководството на нејзината партија.

Фото: ЕПА

„Мора да работиме на тоа жените да бидат посмели кога станува збор пополнување на важни позиции“, изјави Меркел во саботата за Зудојче цајтунг.

Жените, дури и кога ги има доволно во некоја компанија или организација, сепак ретко се одлучуваат да се кандидираат за лидерски позиции, вели таа.

Коментирајќи ја актуелната реорганизација на ЦДУ по загубените парламентарни избори, Меркел рече дека една партија која им се обраќа на широките народни маси мора да внимава на еднаквата застапеност на мажите и жените во водечките тела.

„Само мажи, тоа повеќе не одговара на нашето време“, рече Меркел.

Меркел, која беше на чело на ЦДУ до декември 2018 година, изрази оптимизам дека нејзината партија ќе извлече поуки од поразот на парламентарните избори.

Ангела Меркел не се кандидираше на последните избори, а од вторникот, за кога е закажана конститутивна седница на новиот Бундестаг, до формирањето на новиот кабинет таа е на чело на техничката влада.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе