Меркел за короната: Вака веќе не може, немам добро чувство

Во вториот бран на пандемијата во голем број земји бројот на новоинфицирани е толку голем што сè уште е тешко да се утврди индивидуалниот извор на зараза. Во Германија има 8.658 нови случаи, во Франција над 50.000.

Фото: ЕПА

На врвот на листата сè уште се САД со речиси 60.000 новозаразени во последните 24 часа. Но, во однос на големината и бројот на жители, уште полошо е во Франција, каде што бројката за прв пат надмина 50.000 нови случаи. Сè уште е многу тешко во Италија, Шпанија, Белгија..., пишува Дојче веле.

Голем број земји воведоа нови, уште построги регулативи: во Словенија од денес на граѓаните не им е дозволено да ја напуштаат својата област без валидна причина, во Италија угостителите мора да ги затворат вратите уште во 18 часот. Повеќето средношколци сè уште имаат само виртуелна настава, а во Словачка ова важи и за сите ученици над 5 одделение. Во Данска не смеат да се соберат повеќе од 10 лица на исто место, во Брисел е задолжително да се носи маска и е воведен полициски час по 22 часот. Шпанија вчера прогласи вонредна состојба за да се овозможи ноќна забрана за движење, а владата најавува дека вонредната состојба може да потрае до мај. Ноќното движење е забрането и во 54 департмани на Франција, што опфаќа околу две третини од населението - околу 46 милиони луѓе.

Во Германија, оваа сабота е постигнат рекорд со 14.714 новозаболени, а денешните 8.658 случаи се типични бидејќи во понеделник секогаш има помалку евидентирани новозаразени.

Оваа недела германската канцеларка Ангела Меркел одржа состанок со нејзините партиски лидери од сите покраини и ги предупреди дека „нè очекуваат многу многу тешки месеци“. Се претпоставува дека бројот на новоинфицирани ќе продолжи да расте и дека барем до февруари нема да има поголеми манифестации. Оваа недела се одржува конференција на владите на сите германски покраини, на која ќе се дискутира за моменталната состојба, а Меркел за Билд изјави дека „нема добро чувство“ за тоа што сè уште не чека. „Не може веќе вака“, рече канцеларката.

Пред сè на состанокот на покраинските лидери се очекува договор за повеќе слога околу мерките за сузбивање на пандемијата. Со оглед на тоа што мерките се во надлежност на покраините, ова неизбежно води кон огромен број регулативи и прописи. „Потребен ни е единствен каталог на мерки. Граѓаните сакаат транспарентност, сакаат да знаат што значи кога нивната област е прогласена за црвена, жолта или зелена“, изјави Тобајас Ханс (ЦДУ), премиер на сојузната покраина Сар.

Се поставува и прашањето за наставата во училиштата: и покрај вообичаеното сфаќање дека децата не ја шират инфекцијата, претседателот на германското здружение на наставници Ханс-Петер Мејдингер предупредува дека училиштата можат да имаат многу поголемо влијание врз ширењето на вирусот отколку што се сметало порано. „Образованието во Германија е најголемата дневна масовна манифестација со над 10 милиони учесници. Овде советувам огромна претпазливост“.

Викендов Ангела Меркел уште еднаш предупреди дека сегашните околности бараат ограничување на социјалните контакти и почитување на прописите. Некои политичари, како што е Карл Лаутербах (СПД), се залагаат за „многу краток, временски ограничен делумен карантин“ затоа што сега е последниот момент да се направи нешто за бројот на новозаразени да не стане уште поголем.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе