Меркел воочи патувањето во Кина доби писмо од Хонг Конг: „Сети се на Источна Германија“

Неколку дена пред најавеното патување на Ангела Меркел во Пекинг, истакнати активисти од Хонг Конг ѝ пишаа на германската канцеларка, повикувајќи ја во односите со Пекинг да се води со своите сеќавања за животот во диктаторска Источна Германија.

Во отвореното писмо до Меркел, објавено во средата во весникот Билд, активистите меѓу кои и лидерот на продемократското движење Демосисто, Џошуа Вонг, истакнаа дека Германија треба да биде претпазлива во бизнис односите со Кина.

Хонг Конг го потресуваат повеќе месечни немири откако локалната влада најави обиди за олеснување на екстрадицијата на осомничените во Кина, потег што се смета за вовед за приближување на плуралистичкиот автономен регион до остатокот на Кина.

„Канцеларке Меркел, вие израснавте во Источна Германија“, напиша Вонг. „Вие од прва рака ги искусивте ужасите на диктаторскиот режим. Сакаме да покажете храброст и решеност против авторитарните и неправедни режими што ги зафатија Германија и Европа пред крајот на Студената војна“, пренесе Ројтерс.

„Германија треба да биде внимателна кога соработува со Кина затоа што Кина не го почитува меѓународното право и повеќе пати ги прекрши своите ветувања“, напиша Вонг во писмото исто така потпишано од Џофи Вонг и Алис Ју, уметници од Хонг Конг кои живеат во Германија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе